Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Националистичкиот кич своите содржини ги црпи од страсната внурнатост во “суштината на националното битие” и како таков свртен е кон минатото и лишен од утописката димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Конкретно, Пол е женскав, хистеричен гиздавец. Зависник е од театар и од музика, иако уметностите не ги разбира вистински; без разлика, склон е кон „необичен занес“ од средовечни сопрани, особено кога се овенчани со круни и кога ги окружува ореол на слава (120).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зениците му беа ненормално широки... [а] во нив имаше некој стаклест сјај [итн.].241
Како класичниот инвертит од медицинскиот дискурс во деветнаесеттиот век, според неговиот прочуен, сатиричен портрет од Мишел Фуко, Пол од тмурниот опис на Катер излегува како „лик – минато, историја на случај и детство, облик на живот; и морфологија, со индискретна анатомија и можеби со мистериозна физиологија“ (тука зборува Фуко, а не Катер).242
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Е, ај, да пробаме пак со ракија. Држам на забот ракија, а со носот шмрчкам нова ракија. Со ноздрата што е кон забот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)