СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)