е (гл.) - несреќен (прид.)

Божји чеда изместени од престолот, со заедничка среќа и со заедничка несреќа, каква што господ им наменил на сите свои чеда на земјава, без тие да си стават во акалот не дека ако едниот е несреќен другиот ќе е среќен, туку дека божјата рака тешко ги разделува нештата, зашто грстот ѝ е широк, па фрла наеднаш од сѐ добро и од сѐ лошо, на сите страни. (Бела пауза)
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пригушнат до гробот, тој молчи и чиниш во молчењето сака да ја најде душата на Ѓорѓевица за да ѝ каже колку му е тешко без неа, колку е несреќен во осамата и колку голема е неговата болка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нема проблем со ликовите. Половина е завршено кога ги имаш личностите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Хм. Потоа, не само Европа туку и Америка навали на кај нас. Само Сатирот е несреќен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мојот адвокат ми рече: Не зборувај ништо, тоа е несреќен случај.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)