Но јас знам. Се лажеш, бајченце, ако мислиш дека не знам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ѕидот е покриен со голема сенка чие движење вешто го прави точно во исто време и татко ми.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од тука окото се полни со прекрасната панорама на Лерин и леринското поле и далеку, небаре е крај на светот – Кајмакчалан, чиј врв е покриен со снег.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Жими очиве, се лажеш. - Жити едното око, другото ти е покриено со крпи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)