Но тоа е последниот шах што може да го даде.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
150. Кралот Марко (ок. 1335-1395) е последниот крал што владеел во големиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани и станал најпознат јунак на епското народно творештво не само на Македонците, туку и на сите јужни Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ние видовме оти во Македонија името Бугарин е последната метаморфоза во развивањето на нашето национално самосознание и дека е резултат на таа политика и општествена положба во којашто бевме поставени од завојувањето на Балканскиот Полуостров од Турците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа што е последен не значи дека е безопасен и дека нема претензии за развој.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Крајот е последна пречка помеѓу кодифицираната парадигма и безграничното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кругот се затвора. На почетокот, во гимназијата, тој беше првиот над чија книга заплакав, а сега ми е последното задоволство...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Денеска е последниот ден од мојот досегашен живот. Денеска имам неполни дваесет и една година.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Прво, уште на пристапот кон колибите, збиени една до друга на една зарамнина, со безброј плевни и кошари наоколу, ги нападнаа булук кучишта, та изгледаше дека на Бојан и Денко овој ден им е последен ден од животот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Може тоа да ти е последно замижување, што се вели, и повеќе да не се опулиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А не можевме ни насоне да претпоставиме дека тоа е последната зима од нашето време со козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
64 Последната ноќ на светот „Што би сторила кога би разбрала дека ова е последната ноќ на светот?“ „Што би сторила? Сериозно мислиш?“ „Да, сериозно.“ „Не знам, не сум размислувала.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Извесно е: мајсторот на оваа мистериозна авангарда околу 1620-та, дошол од Мец.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тој е последниот „голем“ манирист на европското сликарство по Тинторето и Греко.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Или ова ќе е последно нивно видување, збогување, што ли?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)