е (гл.) - различен (прид.)

Животот и во модриот залез е различен, зол и весел вепру, рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Велеше дека секоја мајка е различна во своето мајчинство, како што животот на еден човек се разликува од сите останати, колку да им е сличен на другите луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уникатни се, затоа е така. - Што се тоа уникатни? – прашав. - Секој е различен од другиот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еднаш, кога седевме во пеперуткарникот, големата стаклена градина со тропски растенија изградена до куќата на Ауербахови, по која летаа облаци од пеперутки, Клара ни рече: „Имам видено мајки кои го даваат својот живот за животот на своите деца, и мајки кои им го одзеле животот на своите деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секој џубокс кој што сум го видел се потчинувал на основната аксиома за џубоксите: „Една плоча, една песна“. Овој џубокс е различен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)