Така, ќе застанеше крај некоја бука, дури и ако е сува, па ќе почнеше да ѝ кажува: „Ах, од кога не сум те видел.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Доцна е за други пријатели, вели Јон, било речено, вели, непријателите да ми бидат пријтели, вели и збира плуканици, ама устата му е сува, нема што да подголтне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Што требаше, да зафатам груба кавга? Оние луѓе сепак не се достојни за таква кавга, макар што, факт е, бунарот е сув, чавки се чекорат над него.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сѐ нешто бладаат, вели, јазикот им е сув и црн, на крајовите од устите им се смежуравила некоја црна павлага, вели, а мевот им се надул, како на тешка жена.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На изгореното срце и окото му е суво. Не пушта солза и да го молиш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не знам оти, првин се распулувам лево-десно, се обѕрнувам назад за да не ме гледа некој, и се крстам. Устата ми е сува и полна со некој красат мирис од шумата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)