е (гл.) - дење (прил.)

Тоа е како да сретнеш пријател на пладне и да почнеш да му објаснуваш дека е дење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Овде денот трае бајаги подугачко, така да у лето у 10 навечер е дење, а у четири сабајле - пак дење. Епилог – кокошките остануваат ненаспани.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И тргнувајќи пред Максима и пред Васила легнатите овци ги пречекорува, а тие кои стојат туркајќи ги со колената ги растерува, (нивните чакарки, кога се преместуваат од едно на друго место, кусо и отсечно ѕвонат), а кога излегуваат надвор пред вратата на трлото, гледајќи во небото, вели: Небаре е дење. И зазорено е.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)