е (гл.) - некако (прил.)

Сѐ е некако мистериозно и тука се нуди евтина забава за многу франци и секој што ќе излезе од овие вертепи, се чувствува понижен, излаган и индигниран.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Малку како да се спуштам, време е да тргнеме побрзо.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повторно во тоалетот, одам по мала нужда, мојот фалус е некако чудно закочен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Одговорно тврдам: во оваа земја небото е некако поголемо.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сѐ ми е некако надалеку застанато, ко кој знае каде доведена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Без неа гумното ми е некако празно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Не, не, се е некако сплеткано“, одговараше со очите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И забите му се наредени ко пченица и цела уста, бре, зошто да кријам, цела уста му е некако ко изворче полно со белутраци. Така ми гледаа тогаш очиве.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цело поле е некако пристемнето, омарничаво, и сѐ некои дипли, дипли запурнина се наднесуваат над тебе и те притискаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)