е (гл.) - редно (прил.)

2. ЧОВЕК АКО САМ НЕ СЕ БЕНДИСА, ЌЕ СЕ УБИЕ ВЕДНАШ - еј, нарциси, самољупци, да се обединиме е редно, задачата многуцветна се наложува и пред нас: сите свои бендисувања да ги здружиме во едно!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
За својата татковска болка не признаваше никаков специјалист и никого не викаше ни за консултант ни напомош; оти, кој ќе му кажеше дека и во современиот свет е редно синот да умре пред таткото?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Туку, побрзај со адетите… Стори што е редно, та младите да си легнат.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- Пушка, значи, ти оставаме, - се врати по сите беспатни скитања Претседателот, - како што е редно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)