е (гл.) - сеедно (прил.)

— Ден, два,три — за мене е сеедно, но сакам да се слуша мојот збор во моата куќа, — беше последниот збор на Толета по тоа прашање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој напред, четите по него — ги одведе во Будимерци каде што навистина им приреди пријатен одмор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одеднаш му станува јасно дека му е сеедно што ќе покажат анализите, дека му е сѐ едно што и како пропуштил, дека му е сѐ едно што и овој, последен пат, нема да пречекори во финалето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Своите накити ги нудеа без довикување а муштериите ги пречекуваа молкум, се однесуваа така како да им е сеедно дали ќе продадат нешто од својата стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но некогаш кога ќе откриеја дека се преправа, ќе го изнатепаше татко му, но тој стегаше со забите и во себе се радуваше што го бараат, што не им е сеедно што е случено со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нам пијаниците ни е сеедно. Секоја вечер почнуваме одново. Со нова чаша.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Тоа е некоја посебна доба во која грдоста и убавината се искинати и измешани, потоа врзани како алки на синџир, доба кога на човекот, стиснат во лушпа на треска, му е сеедно дали е во окното на сонот или на јавето, или најпосле, лежи помеѓу нив како меѓа на која 'рти од коренот на минатото една сегашност, секако поинаква отколку што тој можел да ја замисли.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Прашав, полуцинично (тој „полуцинизам“ веќе беше знак дека не ми е сеедно што почнувам да ја губам Луција, оти таа веќе имаше другари и таму, а не само во училиштето, каде што бев јас!), дали Партијата има намера да организира и кружок по џез и пушење марихуана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да излезам одовде со врзани раце, зачекорен кон бесилото, или да избегам, тоа е сеедно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
САРА: О, вие толку слободно го рековте тоа „кажете слободно” што помислувам дека ви е сеедно што татко ми воопшто рекол за вас.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На лавот тоа му е сеедно. Тој не може да разбере што му говори кловнот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Кога ќе видат пари за нив е сеедно дали е на улица, во галерија или им е наменет на бездомници, кога ќе видат илјада толари си помислуваат ‘Пиво’ и ги земаат.“
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Или можеби времето застанало и песокта во часовникот ќе застане, ни ваму ни таму, а тасовите на вагата во својата рамнотежа покажуваат дека веќе сѐ е сеедно и нема значење, а ѕвоното нема зошто да удри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меланхолијата седи пред својата недовршена градба, окружена со инструментите, седната и загледана така како да се откажува од сѐ, како нешто да ѝ вели дека градбата никогаш нема да биде завршена; една скала е потпрена на градбата, а на земјата покрај долниот крај на скалата лежи камен блок – дали Меланхолијата треба да го искачи, по скалата, на градбата?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)