Што знаеја другите беше јасно само по себе - дека тој се стреми кон извесна рехабилитација, што е сосем природно и разбирливо.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Со задоволство тој установува дека дијагнозата на болеста на компирот правилно ја извршил, но она што му го советуваше на стариот за густината на садењето не е сосем точно: тоа се однесува на садење со окца - за кое треба да се преземат специјални претходни мерки што стариот нема можност да ги преземе - а за садење со цели компири одговара горе-долу она растојание што тој го практикувал.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
18. Не е сосем точно дека српските претензии за Македонија се појавиле дури по Берлинскиот конгрес во 1878 год., бидејќи организирана и од државата раководена српска пропаганда во Македонија се појави уште по Гарашаниновото “Начертание” (1844) и се изрази во 60-тите години на минатиот век.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ќе биде сосем бескорисно ако девојката не е сосем сама.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Џулија изгледаше како да е сосем навикната на таков вид разговор, што таа го нарекуваше „разговор на рати“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Му падна на ум дека кожата мора да ѝ е сосем поинаква од онаа што беше некогаш.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За нив е сосем неважно која страна победува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Изгледаше дека мисли оти е сосем природно што „ тие“ сакаат да те лишат од задоволствата, исто како што ти сакаш да одбегнеш да бидеш фатен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И продолжи да чита: „Првите седмици поминати во притвор силно тагував и копнеев за сѐ, но најмногу, што е сосем природно, за своите најблиски, но не само за нив: тоа беше копнеж за многу конкретни нешта, атмосфера, средина, врската, ситуацијата, доживувањата итн.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Неговиот профил, делумно засолнат од дланките, териер и млада жена со боси стапала: и ми се чини дека тој таму, врамен во сликата, е сосем, сосем задоволен. Како комфорен воајер.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сакаме да му се придружиме на Момчило и со него да ги возиме нашите трицикли на небото.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Мене ми е сосем сеедно. И тој ми рече дека сум низок.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Девојчињата беа длабоко разочарани. Тие повеќе сакаа некоја наставничка.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Наставникот по општотехничко ќе ни биде одделенски раководител.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се извинувам. Тоа е сосем игра на случајот. Ве нареков Орце затоа што ми сличите на...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Таа тоа го прави кога не е сосем искрена.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А за една Билјана тоа не е сосем лесно. Но, има и потешки работи.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А симптоматично е тоа што најголемиот критичар на оваа школа, Р. Дворкин (Ronald M. Dworkin), неа ја сместува во „позитивистичките“ правни школи – што е сосем погрешно, затоа што таа, во својата најдлабока суштина, е јуснатуралистичка, бидејќи алудира на непишаното [етичко/морално/вредносно/природно/вродено] право. 305 го ставаат на значењето што го има креативноста, промисленоста и луцидноста на судиите [elegantia iuris] при толкувањето и креирањето на правото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, ако законските одредби, барем оние во сферата на инспекцискиот надзор, се во најмала рака добри и коректно поставени – тогаш, вината за нефункциони- рањето на овие контролни механизми не може да ја бараме во законот, туку исклучиво во човечкиот фактор, поставувајќи си го болното прашање на сатиричниот Јувенал за тоа: Quis custodiet Custodes – Кој [ни] ги чува чуварите? 2.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За потребата од воскреснување на правниот реализам во македонски прилики Nulli vendemus, nulli negabimus, aut differemus rectum vel iustitiam.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)