Странката која е целосно деловно способна може сама да ги врши дејствијата во постапката бидејќи има т.н. парнична способност (чл. 71, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Јас добро знам дека сме земја во транзиција, па, сепак, тешко ми паѓа што сѐ уште ни законот за пушење или паркирање не е целосно реализиран.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се обидував да му објаснам дека тоа не е нормално, дека е целосно лудо; дека не би можела да издржам, дека ме скокотка, а тој рече: „Да не те понижува, можеби?“, и јас, во тој момент знаев, бев сигурна дека Јан Лудвик не е дојден туку-така и дека одмаздата, без разлика колку тој се преправаше дека е рамнодушен кон сѐ што му се беше случило, сѐ уште тлее во неговата душа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А, пак, странка во постапка може да биде секое физичко и правно лице – а, освен нив, со посебни прописи се определува кој друг може да биде парнична странка (чл. 70, ст. 1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)