9. КИНИСАЛО МОРЕТО В РЕКА ДА СЕ ДАВИ - така е штом светот вртоглавица го фати, изместени вредностите и смешни ги прави и на жалните комендии им отвора врати...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
15. ПОЛНИ ОЧИ, ПРАЗНИ РАЦЕ - така е штом колата наугорнина ја кочиш.
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
12. ЌЕ НАПРАВИ ТОЈ ДВЕ ВРЕТЕНА ОД ТРИ БУКИ - страшното е штом се додаде: И ТИЕ КРИВИ ЌЕ СЕ, зашто тоташ ќе се појават две жалосни куки што ни јаже не ќе издржат човек да се беси...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)