Со оваа промена се отвори можност за уште поголема доминација на субјективните преференци на работодавачот, при понудата за склучување на новиот договор за вработување пред отказ, бидејќи тој според новата формулација е должен само да донесе одлука за тоа, со што се елиминира потребата од наведување на основата поради која дошло до овој нов (понеповолен) договор за работникот; ѓ) поради претходна неажурност, непрофесионалност или грешка во редактирањето на законскиот текст дојде до промена на насловот на чл. 80 од „Услови за откажување на договорот за вработување од лични причини на страна на работодавачот“ во „Услови за откажување на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот“ (чл. 19 од ЗИДЗРО/септ.10), со што се поправи претходниот конфузен наслов кој воопшто не соодвествуваше со законскиот текст кој беше подведен под него.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)