А ако се тие прави, нека биде така: живее в село човек преку сто години, слеп и сив како земја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А што е најважно - и сметките ќе бидат расчистени за сѐ што беше досега: и за колибите, и за предавството на Мира и за она фалење од Буза дека е подобро Лагачот да живее в шума или негде далеку и скраја од земјава, зашто еден ден ќе биде ликвидиран, само да му падне в рака.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Обиди се еднаш и не заборави: тие живеат в град, не на градилиште.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Да ги поздравиш и да не заборават - Фали село - живеј в град! со широка насмевка ги пречека шоферот. Беше многу помлад од оној утрината.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Тешко дека тоа ќе е така. А ако се тие прави, нека биде така: живее в село човек преку сто години, слеп и сив како земја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)