Човек и не е друго освен тој расцеп во кој го живее својот индивидуален и општествен живот.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во нив тој го живее својот фиктивен подобар живот, допуштајќи, во длабоко самосожалување, да му се граба и она што никогаш не успеал да го изгради во себе - својот граѓански идентитет.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Не дека животот не познаваше врски како нивната, поентата беше во тоа дека тие беа осудени на неуспех, од прогон од етничките и верските заедници на кои им припаѓаа, до фрустрациите што ги доживуваа ако само малку погледнеа во заедничката иднина, сѐ до постојани криења и сѐ поголемите и подолгите лаги што мораа, и таа и тој, да ги плетат пред блиските, за да можат да се наоѓаат и да ја живеат својата интимна фантазија и својата сѐ пострасна љубов.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тогаш, секако и опасноста од волците ќе помине, па Кротка ќе може да го живее својот живот според законите на нејзиниот род, според законите на природата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Луѓето ја носеа својата надеж Луѓето ја живееја својата надеж Луѓето ја убиваа својата надеж и гореше во нивните очи твојот свет оган.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Кога нивните желби, квалитети, намери и верувања ќе бидат доволно елаборирани низ текстот, тие ќе се обединат во “определувања” кои го детерминираат посебните правци во животот - “животните стилови”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Наместо тоа, наративната метафора вели дека индивидуите ги живеат своите животи преку приказни - приказните го обликуваат нивниот живот, тие имаат реални, не имагинарни, ефекти - и на тој начин му даваат структура на животот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Оваа перспектива не би требало да се меша со онаа која вели дека нарациите функционирааат како одраз на животот, или како негово огледало.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ако претпоставиме дека постои идентичност помеѓу структурата на текстот и структурата на нарациите или приказните коишто индивидуите ги живеат, и ако прифатиме дека е во наш интерес да ги градиме нашите животи преку нарации, тогаш би можеле да ги разгледаме деталите за тоа како индивидуите ги живеат своите животи преку нивото на акција и нивото на свесност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Копнеејќи по парите, тој не го живееше својот живот. Тој само живуркаше под сенката на материјалноста.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Околината пред Тирана расте во голема индустриска зона и заедно со новите патишта кои водат кон градовите што лежат покрај морските брегови, Албанија ја живее својата сегашнина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И ако ги видиш прерано, или предоцна, како да си убил нешто во себе, нешто што дотогаш во тебе живеело, или нешто што допрва во тебе требало да се роди.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ако ги видиш порано, или ако ги видиш подоцна од вистинското време, тоа е полошо отколку да не си ги видел; затоа што, и да не ги видиш, тие живеат свој живот во тебе, со помош на твоите замислувања, или пак допрва ќе ги мечтаеш, и ќе им дадеш живот во себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Книги, музика, филозофии – доста му беше од сè, му требаше да почне вистински да го живее својот живот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И двајцата како да почувствуваа дека ја живеат својата нова младост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се разбира, ако не ги сметаме овдека Турците кои на чифлизите си живееја свој живот и господареа со рајата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во тие очи е оној настан што подоцна ќе дојде неизбежно како што доаѓа утрешниот ден: еден нов Микелајн, со лажно име Липа Рипс, придружник на руската принцеза (Рубинка Фаин можеби под друго име) отмено го живее својот живот во срцето на Турција.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И започна секој предмет внатре да живее свој сопствен живот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Таа е најсилна токму во мигот кога почнува со подлабок здив да се живее својата мачно сочувана различност, којашто веќе не ја засега јавното неодобрување.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Да им каже дека сфатила со какви луѓе дошла да го живее својот живот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Звукот живее со ѕвездите и живее свој живот. И добро е што е тоа Марија?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Така на некој начин секогаш го живеев својот живот така како што сакав.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
А улицата го живееше своето секојдневие.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тој несомнено ја живеел својата уметност и таа го живеела него.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Морал сето време да создава за да го исполни телото и духот кои делувале празно.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Всушност, магијата на Бојсовата уметност во целост - неверојатно разновиден опус - е во тоа да изгледа како да произлегла од изобилство, како тој постојано да бил во уметничко движење.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)