Татко ѝ нејзин, Јончета Јанчески, го убија Албанците уште додека сојот нивни живееше таму некаде, во Западна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сите се интересираа како живее таму народот, што прават Турците, беговите, па и чорбаџиите христијани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Откако отец Иларион направи подолга пауза, полковникот Бонети ја искапи чашата, и како да имаше желба да спори, му рече на отец Иларион: - Јас мислам дека и душите на животните одат на небото и продолжуваат да живеат таму...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сите тие живееле таму, од онаа страна на реката, каде што живеам јас.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Неговото заземање за доброто, посебно на неговото родно место и на луѓето што живеат таму, трае веќе цели две децении.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сѐ е можно, Пупи Паф.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не ќе се радувам помалку ни јас да можеше тој да појде со мене кон Пупипафија и да живее таму.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Го користеле одморот кај некои пријатели што им живеат таму и така, мојата Ивана од Казахстан, право во Лос Анџелес.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не можам да речам дека не се израдував, ама исто така не можам да речам и дека не ме „касна” нешто во срцето.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Уште на заминувањето за Франција, Тасе Шаин сакаше да си ја земе фамилијата со себе и да се пресели да живее таму.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но дедо му Тренко тогаш одненадеж се разболе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
" Во извештајот од 14 јануари 1945 година се известува дека во Скопје имало големо незадоволство во "врска со Вториот младински конгрес, кој се одржа во Скопје на 5 јануари".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тие им се восхитуваат на САД и на Англија, се чини дека се особено заинтересирани за САД поради големиот број нивни луѓе кои живеат таму.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Харинги, маслинки и портокали што нашите роднини кои живеат таму ги праќаа како поздрав по секого што ќе дојдеше кај нас.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ми беше даден кревет, душек и живеев таму.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Знаете ли вие кој живее таму? - Вештерката - избрза Цветан-Уши.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Па ... па, живеат таму зашто се бездомни, - одговорив, но не бев сигурен дали точно знам што тоа би можело да значи.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Што народ живее таму? - Сѐ Торбеш до Торбеш. Ни Турчин, ни Арнаутин, ни Ѓуптин.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Досркувајќи ја чорбата, Клара рече: „Сакам да ти се извинам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја прашав дали е гладна. Отидовме во кујната, и додека ја дојадувавме чорбата од зеленчук што беше останала од претходниот ден, таа ми раскажуваше за оние жители на Гнездо кои и натаму живееја таму.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Изгледа дека некогаш сум поминал таму. А може да сум живеел таму.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Такво ѝ беше мислењето за Лос Ангелос кога две години живееја таму.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во Лос Ангелос, попладне мирисаше на пепел и на некој огромен Август којшто не можеш да го ублажиш ниту да го заборавиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Воздухот во Лос Ангелос ја потсетуваше што им се случува на децата во привремени дом-семејства приквечерина кога ќе се соблечат, ја потсетуваше на нештата кои се прават со јажиња и парчиња метал во доградени бетонски гаражи додека автопатот ита во позадината како евтина музичка тема.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)