Тогаш, во општото разграбување на Имотот и на покуќнината Акиноски, зошто немаше кој да брани, веќе никој од нив не живееше тука, Борис Енда, кој беше раководител на месната канцеларија, мислејќи си дека е ковчежето полно со злато, го украл.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А дека сегашниве жители на Потквицата не се потомци на становниците на некогашната древна населба Градиште, освен нив самите, зборува уште и нивната психофизичка конституција; високи се, русокоси, недоверливи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„ Живеевме тука сѐ додека умре жена ми“, рече старецот полуизвинувачки.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Но карпите се полни со коски на изумрени животни - на мамути и на мастодонти и на огромни рептили кои живееле тука долго пред појавувањето на човекот.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не беше решен вечно да остане во туѓиот стан, сметаше само до пролет да живее тука а пред да дојдат ластовиците пак да се врати во својот стан под ќерамидата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Кога наближив кон една долина криена меѓу плодови од лимони, грозје, портокали и смокви, кога го здогледав морето и кога застанав на брегот, почуден си реков: „Господе, како да сум бил тука, како да сум живеел тука на овој брег, до оваа стена и пештерата издлабена во неа, до манастирот и кипарисите извишени крај него, до параклисот од левата страна, полеан со молитвите на калуѓерите кои со запалени свеќи влегуваа и излегуваа од него, помазан од звукот на камбаната и клепалата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
До септември... Ќе живее тука во одајчето над гаражата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зачудено ме гледаше додека и објаснував дека порано живеев тука.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Беше тоа една постојана глутница волци, што се шченеше и си живееше тука, во Белата Долина, и сега палавееше по снежната ноќ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А камоли засекогаш да дојде да живее тука кај нив.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Можеби заради тоа што подолго време не живее тука.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Каков апсурд имаше во неговата надеж дека Марија ќе може да живее тука, во иста куќа со нив двајцата... преостанати од некогашниот свет.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
МИРА: Гледам како спиеш. БОРИС: Како влезе? МИРА: Имам клуч. Живеев тука цела година.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Никој не живее тука.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Често бев во градината - пред куќи - ме поздравуваше и ќе речеше: - Уште не сум ја прифатила мислата дека Влатко веќе не живее тука.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
“141 141 Braco Dimitrijević, introduction to Gallery of Contemporary Art, Braco Dimitrijević (Zagreb: Gallery of Contemporary Art, no. 191, Feb 8-25, 1973). 112 Проблематизирањето на културните и материјалните вредности, конвенции и авторитети што го прави Димитријевиќ, неговото славење на важноста на обичното и занемареното, е присутно и во неговото тактичко користење на инструментите на историското сеќавање/глорификација: споменици (Дејвид Харпер, Лондон, 1972 година; Обелиск од онаа страна на историјата – 10 метарски споменик од карарски мермер во слава на 11 март, датум случајно избран од страна на случаен минувач), плакети (со натписи како што се Џон Фостер живеел тука од 1961 до 1968; Ова би можело да биде место од историско значење), бисти, улични знаци, листи на случајно избрани имиња итн., во чест на непознати личности и настани: „Сакав да направам пресврт во значењето...
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Со оглед дека опкружувањето игра активна улога во обликувањето на умот, се обидов да ги променамнашите вообичаени односи и реакции во нашата средба со секојдневна реалност.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)