За властите не било тешко да забележат какво влијание имало присуството на воените бродови врз она население со кое, ползувајќи ги атентатите како повод, тие планирале посериозно да се пресметнат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Уште и пар зборови за денешните девици што ги изложуваме пред вашите (творјански) монструозни очи: Вулкански во меѓувреме стигна начисто да се прешалта на македонски и дури објави (специјален, луд!) речник на македонски зборови, за цело време шетајќи низ градот со своите три црвливи маски и не вадејќи го од уста неговиот неприкосновен херој Даркмен, а потоа и Дишан (три маски), Џојс (забележете какво огромно влијание врз трите писма на Вулкански има тој апсолутно најдобар писател во 20 век!), Набоков, главно сѐ некакви џиновски фалсфикатори.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Фала му на бога, можеби тоа се должи и на фактот што Филонус (кој ионака, трепкајќи во оваа рубрика, одвај и да постоеше) дефинитивно не постои.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)