Исправен, горд и посветен на службата, облечен во сјајните високосвештенички облеки, со крстот и двете панагли на градите и црната пана-камилавка, го потсетуваше на оние денови кога ист таков, застануваше пред германските команданти им делеше лекции од највисока, сега му се чинеше дури небесна етика. За митрополитот Хрисостом пак, градоначалникот Лука Карер беше олицетворение на моралот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во своите нови молитви, духовникот се заблагодаруваше за неповторениот божји дар, од името на сите спасени, завршувајќи ги молитвата со зборовите: „Твојот слуга Хрисостом од длабочината на душата Ти благодари што Го почести да го почувствува слаткиот вкус на победата на Доблеста над секоја овоземна припадност”. Во свеченостите на островот, владиката и градоначалникот учествуваа години потоа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Остана само името на љубената на првата страница на Климентовата дисертација, на која авторот ѝ се заблагодарува за извршената лектура на францускиот текст.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)