Како усвитена жица да му се забоде во телото.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Гледам, од некоја мирна оддалеченост, како острото сечиво на ножот, сигурно водено од кревката девојчинска рака, се наближува, а потоа забодува во мојот стомак“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дали билбоке-то е нешто што единствено ги одразува сеќавањата на некои нивни заеднички искуства.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Знаејќи какви биле тие доживувања, човек паѓа во искушение да нагаѓа: дали обликот на предметот, или движењата што се прават при играњето со него (дршката треба да се забоде во топката), на некој начин ги сугерираат настаните што се случиле онаа вечер кога заедно излегле на Пигал, или можеби предметот е буквална илустрација на старата француска поговорка “c’est un veritable bilboquet” (грубо преведено: He’s a giddy-headed guy; или: “Му лета паметот”)?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тоа беше видување како кога се гледа низ решетките на затворот, тоа беше низ зарѓани метални квадрати виден свет што ти е близок и познат, а е далечен и недофатлив, свет студен како мразулец забоден во градите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Но, се случи чудо: скалата стоеше, и јас на неа; сфатив дека идеално ја контролирам тежината, и полека ги отпуштив рацете од скалата, и ги раширив; потем со внимание ја кренав десната нога и ја качив втората гредичка, а потем и левата, и пак ги раширив рацете; скалата си стоеше како да е забодена во земјата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Трета му кама душманот забоде в срце длабоко кога го Делче прониза.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Минливоста кружи – тик . . .тик, так . . .отворена, без одбрана, чекајќи пинцетата, водена од моите сигурни прсти, да се забоде во нејзиното мало, метално срце.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Еве има веќе две години како ми е страв да отидам на забар.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Доволно е да го почувствувам неговиот прст во мојата уста и веднаш да се исповраќам. (Вилушката ја забодува во подебело парче месо) Краста: Значи тебе во собата 101 ќе те мачат со давење.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зарем навистина и јас и Пајо треба да ве напуштиме?!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
-Би ве потсетил, господару, на она што еднаш го рековте: „ние четворицата - и Дипигус, се разбира - сме како четири запченици од кои секој се забодува во оној другиот”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се гледаше колку е голема разликата помеѓу старите и новите седишта: старите беа испукани, сивокафеави, со изедени рабови и со ’рѓосани шрафови, додека шрафовите на новите даски светеа, седиштата како да беа приспособени за седење, имаше дупки на местата каде што треба да висат нозете за кога ќе ти направи некој "плескавица" даската да не ти се забоде во бутовите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Почувствував и некој чуден, многу силен мирис, и тогаш забележав дека мостот веќе не е бледожолт како што беше порано, туку е премачкан со жар-црвена боја.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Доктор Гете изваде игла од својот џеб, и врвот го забоде во челото на девојката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Јас ја повредувам, а таа не се брани, не се обидува дури ни да ја отстрани повредата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа остана мирна, не се помести ниту кога доктор Гете се приближуваше кон нејзината глава со иглата, остана мирна дури и кога врвот на иглата беше забоден во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)