Додека ја гледав како е препуштена на некоја празнина, се сеќавав на зборовите на Сара: „Те молам, не заборавај ја Клара, и помогни ѝ ако можеш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И така ѝ зборував на Клара за Сара, ѝ кажував за пеперуткарникот, за пеперутките кои слетуваа на нејзиното тело, за поезијата која Сара ја читаше, ѝ кажував толку нешта кои некогаш се случуваа, ги кажував како да се случуваат сега, и само едно нешто премолчував, она кое беше доказ дека тоа што го раскажував е присутно само во минатото и во сеќавањето за него. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)