Тој за сето време знаеше со кого е во оваа шума и во оваа ноќ. Ниеднаш не успеа да го заборави тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не се заборава тоа. (На Соња.) Овој мрсниов носи си го дома.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Не, тој дури сакаше да ми помогне и јас не можам да му го заборавам тоа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
МЛАДИЧОТ: Сторете нешто повеќе од прашање. Ви се молам. Настојувајте. Никогаш нема да Ви го заборавам тоа.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
ХЕРЦОГ: Како би можел да го заборавам тоа?
(Се приклучуваат назад меѓу гостите токму кога Клаус се запознава со Стево.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ние забораваме нешто и забораваме дека сме го заборавиле тоа.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)