забрише (гл.) - уста (имн.)

Кога го дојаде јаболкото, внимателно го избриша ножето со два прста, го затвори, го прибра в џеб, ја забриша устата со рака и ги сотре дланките од панталоните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Му ја забришав устата, а тој ја избриша испотената дланка од пижамата, па помина со дланката по челото, и одново од пижамата ја избриша потта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ти еднаш ми вети дека ќе ми направиш кукла,“ рече, и тоа потсетување на моето ветување беше најблиско до барање од сѐ што беше кажал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)