Се мислам како би било: лежам под вимето на ноќта и цицам зелен млаз. После завивам во мрак как мрак.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Малечката термоцентрала во селото работеше само неколку часа, околу единаесет ноќе гаснеа сите светилки, не само оние по домовите, туку пред сѐ оние по улиците и селото се завиваше во темница.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Небото молскоти закитено со неизбројани сијалички Диви канаринци завиваат во ритмот на својата мелодија Питом поглед, нежности во темелот на нивното пријателство...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Младата продавачка, речиси софистицирани со набеленото лице и црниот, припиен фустан, ми ги завива во украсна хартија писмата на Ван Гог до братот, расказите на Бруно Шулц, Вејтсовиот „Џокеј полн со бурбон“ и книгата со патетичен наслов „Предсмртна љубовна песна“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Завиваше во собите, и вратите се клатеа деноноќно.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Стоеше увиснат во таа изумрена просторија, а сите болки во неговото тело веќе почнуваа да се здрвуваат и да завиваат во секој зглоб, со својата остината оловна грутка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Молчешкум ќе завиваме во потсвеста на противникот, кој ни го сече патот до успехот на нашата пасија...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)