Колку и да настојуваа Татко и Камилски да ги убедуваат своите сопруги дека работат за иднината на нивните деца, тие стануваа уште позагрижени да не ја жртвуваат нивната сегашност!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Многу помалку од половина во дружината имаа по две волиња, некои од нив немаа со што да ги заситат. Но не мислеа на тоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чекаа да заврши ловот, чекаа да го видат пред своите нозе Мечкојадовиот труп или да го продолжат патот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во обете семејства, сопругите и децата на несудените балкански ориенталисти, беа загрижени дали воопшто ќе заврши ловот по старите ориентализми во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)