XIX Како што наближуваше учебната година со која Богуле требаше да го заврши училиштето, така Мил сѐ повеќе го задржуваше Богулета кај себе во лабораторијата, не оставајќи го многу да се шета со другарите, да го губи попусто времето, туку му даваше нешто да работи во лабораторијата, да го упатува постепено во науката, објаснувајќи му по нешто што е достапно и разбирливо за Богуле, да му ја потпалува фантазијата и желбата за наука.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Дојде крајот на учебната година и Богуле го заврши училиштето со многу добар успех, иако учителот, и оваа година, како и во претходните, беше во дилема каков успех да му даде, зашто Богуле во текот на годината покажуваше нееднакво знаење: некогаш лекциите ги раскажуваше извонредно добро (тоа беше во оние денови кога неговото станување ноќе татко му го го користеше да му ги чита лекциите од книгите), а понекогаш уста не отвараше, стоеше како смакнат, замислен, нем, дремлив.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Моја идеја е дека треба да постапуваме така како сите да завршиле училиште и живеат во светот и скокаат во него и на тој начин го создаваат.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Кога по неколку години Столпник го заврши училиштето, татко му се разболе и умре.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мајка не беше била никогаш, на ниту една родителска средба за постарите браќа, па тие си ги завршија училиштата со одличен успех и со примерно поведение.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овие Балканки, кога ќе го завршат училиштето, ни остануваат верни, веруваат во нас, како во нивни родители, заштитници!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)