Фасцинира, притоа, инвентивноста на авторот и решенијата пронајдени во неговата творечка лабораторија, особено онаа специфична комбинаторичка игра меѓу стварното и имагинарното, меѓу животот и литературата/културата, така што читателот е просто во недоумица: „Каде завршува светот на реалноста и започнува светот на иреалното?“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Несомнена е авторовата потреба за патување (во смисла на животен еликсир), неговиот копнеж по дијалог со светот, со другиот (М.Бахтин), соочувањето со културната Другост, притоа, како по правило, повторно ја имплицира временската димензија, овој пат на културно- политичко рамниште.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
За Езерчени и сите намерници југот завршува на работ од врвовите на планината Одре легната на височина од 1525 метри над морето и, чиниш, за сите нив тука завршува светот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)