Кога остана сам, замислено се загледа кон реката.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Методија, целиот во недоумение почна да ги загледува кон вратата за да види што е ова со матарката.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кога Стојан Ванков се слеа со темнината на надворешната врата, Отец Симеон се одлепи од ѕидот и се загледа кон прозорецот на станот во кој дејствуваше Мануш.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Синот IV Мене ме обзема ова зајдисонце сино ти пак му го вртиш својот висок грб загледан кон некоја идна зора што само ти ја знаеш.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
– Тука Хорацио стана од клупата, се загледа кон ситната силуета на гусакот и почна: Ако имаш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Го помина камениот мост со неговите четиринаесет свода и со двата гроба отстрана на неговите градители, и токму кога се загледа кон многуљудната врева кај Даут-пашиниот амам, пред него, пак поради некаква важна случајност, застана чуварот на мостот и му се загледа со лутина в лице, небаре Ибн Тајко имаше скриена намера нему, кој се грижи за мостот и за неговото одржување, на некој начин да му наштети.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се загледа кон запад. Погледот му се запре на сивиот, студен масив на Орелска Чука.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Па дури и уплав да те фати како ќе се вратиш со кајчето... замолча дедо Петре загледан кон Езерото - од час на час миговно ќе болсне рипче и пак ќе се нурне во стишените води.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Откако завршив Махмуд Дарвиш загледан кон другиот брег на Езерото, тивко се огласи: Луѓето се убедени дека кога пеам за својата мајка, јас пеам за Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За светите книги со кои ја минавме границата. За молитвата која ја шепотевме во тишината на ноќта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Малку се замисли, пивна од ракијата, касна од мезето, се загледа кон реката, па продолжи: - Е мој побратиме, судба ни била бегањето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Брзо излази до татка си, којшто малку потаму, исто така вчудоневидено беше загледан кон огништето.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А зло или бог одново ги успа ѕвездите И само таа, твојата ѕвезда е будна: Стои така загледана кон земјата и моли...
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Човекот се загледа кон ридот, каде завива пругата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
„И се сетија дека возрасните се толку вработени што никогаш не се загледуваат кон грмушките со рози и покрај патеките.“ „Освен кога бараат полжави и печурки.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- Овој ден е само за сликање, како порачан за сликање, рече некој, загледан кон полето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)