загрее (гл.) - и (сврз.)

Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како што хероинот полека се загрева и почнува да се лизга по сребрената фолија, бавно ги вдишувам облаците веднаш под главата на змејот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас веќе почнав да го вежбам тројното салто на палачинката, го вклучив засилувачот да се загрее и го подготвив твојот омилен репертоар на стари, забавни, македонски, најубави...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кога ќе настапи зимата, китените сватови да можат да се загреат и да се поткрепат со црвено вино...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ставаат секакви срања во хероинот во денешно време - како најчест загадувач го користат манитолот бидејќи ги има сличните особини на хероинот; манитолот е лаксатив.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)