Од тие причини, британскиот политички естаблишмент цврсто застанал на становиштето за статус кво во однос на Југославија, а посебно да се оневозможи секој обид за обединување на Македонија и оној вид федерација под знакот на пансловенското и комунистичкото обединување, зад кое би стоел СССР, а сè со единствена цел, да се намали силата на Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Оваа активност била преземена за се оневозможи формирањето на една таква федерација која би можела да го загрози британскиот штитеник Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај недвосмислените информации кои пристигнале од Југославија од шефот на мисијата Хадсон за активноста на партизаните, британската влада од страв од ширење на комунизмот под патронат на СССР кој по победата можел да ги загрози британските интереси во Југославија и на Балканот, во движење на Дража Михајловиќ видела, пред сѐ, дисциплиниран извршител на задачите од Лондон.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)