Таа налага откажување од сета надеж дека некогаш на светов ќе се најде соодветен објективен корелатив на она што го чувствуваме и задоволително средство за негово изразување.303 Ако општествените посредства отпочеток не се сфатат како нужни (и само) симболични, а не изразни, ќе се смета дека се крајно недоволни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, ќе ја загубат целата делотворност и ќе престанат да функционираат: веќе нема да можат да служат за испреплетување на луѓето во мрежа од општествени размени, ниту сега ниту во иднина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А во тој случај веројатно ќе ги отфрлиме, како што ги отфрла Ахил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тогаш целото човечко општење и целата човечка општественост ќе се распаднат, а предивото на човечката односност ќе се расука – како што некое време се расукува во мрачниот дел кон крајот од Илијадата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)