загуби (гл.) - засекогаш (прил.)

Некогашните деведесет проценти на земјата што ја претставував ги бев загубил засекогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас ја бев загубил земјата која ја претставував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се присобра и продолжи: – Сал трошка недостасуваше па да ве загубам засекогаш, чеда мили. – Што се случи, Мајко? – прашавме сите во еден глас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде Глигор и Арсо го чекаат бесилото, а за Џемал-ага овде е спас и живот, темна среќа на човек што својата среќа ја промашил и ја загубил засекогаш меѓу слободните луѓе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)