задржува (гл.) - се (зам.)

Лево, рој женски гласови се оѕваа и, чиниш со лесен лет на пеперутка, ја пробиваат темнината и кратко, задржувајќи се меѓу осакатените дрвја, јагленосаните гранки, подгорената трева и овенатите полски и шумски цвеќиња - ја отпеваат изгубената младост, убавината и недоживеаната љубов...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Да ти кажам ли како и зошто вујко ми убил бег?“ „Бег? Ти нѐ мразиш нас Турците? Не задржувај се, речи.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во февруарскиот поход учествувале: Првата македонско-косовска ударна бригада, требало да дејствува во централниот дел на Македонија, задржувајќи се притоа на територијата на Азот и Порече со задача да ја разгори НОБ во тој крај.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Откако ги стави дрвата под ниската стреа, залепена до јужниот ѕид на колибата, заградена од три страни со штици а отворена од предната страна, Бојан влезе во колибата, задржувајќи се таму десетина минути.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мече итро го скри црцалото в пазува и едвај задржувајќи се да не се насмее, се затрча надолу, викајќи: – Кој сака вода, повели!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мускулите, со кои немаше што да работи, престануваат да му просребруваат, во нив гаснеше онаа маѓија на потребата од напнување, додека стоеше таков, со ноктите вкопани во дланките, со дланките прежилени од своите сопствени нокти и едвај здржувајќи се да не тресне нешто со тупаниците така, за да го здроби со еден замав, едвај задржувајќи се себеси да не истрча низ вратата и да земе да го гази оној снег, да го пробива тој изнаврнат снег, да го изоди сиот сѐ додека здивот не земе да му бие во него како тапан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Поголем простор во статијата Георги Пирински ѝ посветил на Народноослободителната војска на македонскиот народ, "како дел од Народноослободителната војска на Југославија", која "се бореше под врховната команда на маршал Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поради тоа Георги Пирински во статијата ја презентира историјата на македонскиот народ, задржувајќи се притоа на националноста, географската положба, а посебно на националноослободителните движења на македонскиот народ низ историјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Слушај, бабичке, ѝ рече строго, одвај задржувајќи се да не избувне, - немој светештва да ми шириш, знаеш со светците сме начисто.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
ЛУКОВ: Добро. Не заборавете да земете и клуч со себе. И... не задржувајте се долго.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)