Најголем удар доби Византија од Бугарите, коишто зазедоа од неа голем дел нејзини земји населени со Словени и од нив образуваа една голема и силна држава, која од VIII век до идењето на Турците на Балканскиот Полуостров скоро постојано ѝ нанесуваше еден удар врз друг.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тоа време, годината е напишана во црковните книги, мајданџијата Карпош ги кренал на востание луѓето од земјава, зазел од Турците неколку градови и ги исклал беговите во десетина села.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)