Тенискиот клуб имаше најмногу шанси, во него членуваа ќерката, зетот и синот на градоначалникот, а синот на претседателот на градското собрание имаше нереална амбиција еден ден да заигра на Вимблодон.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Отец Пелазгиј Асикритот пак, навидум спокојно гледаше во Филозофот, но една блага, притворна насмевка му заигра на долната усна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога дојдовме кај зимниците, постапивме како што ни рече Петре Даскалот: ја затворивме срната во едно котарче во зимницата на Јаневци и, не знам како, се заигравме на ледината под високата меѓа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)