Луѓето гледајќи го клисарот Нестор, како, по наредба на власта, ги фрла умрените во варницата со жешка вар, си правеа крстови, си го запишуваа името на нив и молеа, оставаа аманет - ако умрат да не се фрлаат во варницата како во пекол, како животни, туку да се закопуваат в земи како што е ред и да им ставаат крстови на гробот да се знае кај лежат, да има трага од нив.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Трчаше без престан до куќата на Ребека. Таму застана и се закопа в место.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа не успеа да го стори, бидејќи штикот на војникот му се закопа в гради.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Удрен беше и од гром и пак едвај се спаси кога го закопаа в земја за да му излезе електрицитетот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)