Му се замагли во очите, а градите силно му се расчукаа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Круме Волнаровски слушна или така му се причини („да, мили, ова е мелем за твојата рана“) го прочита насловот, или се обиде да го направи тоа – Писмата до… и му се замагли во очите, а тоа не беше прв пат откако дојде во затворот да чувствува дека некоја црвојадина му го цица синото од зениците и се повеќе му засенува дел од она што го гледаше порано, а толку многу сакаше да го гледа и сега, во овој топол, влажен и неподнослив мај.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Набргу можеше да ја дополни или уште повеќе да ја замагли во својата свест, вистината за крајот на Чанга и на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)