Секој кој ќе го види, или кој чул дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека излегол на прошетка за да си даде одушка по сите овие возбуди, или, пак, дека отишол да запали свеќа на Латинска црква во слава на оздравувањето Лазорово...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А под тој прекрасен покрив, на кого сонцето слетуваше со своите волшебни шари, стоеше една сива длабочина, испреплеткана и затната од стеблата, со некакво модрикаво, крвјосано застрашување на понорна сенка, по која ретко можеа да се изнајдат и понекоја сина заискрена ѕвездичка на снежните кристали. Замина натаму, без двоумење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Испратени од шушкањето, тие заминаа натаму.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Јасно, на пазар, - го потврди Остап своето претходно мислење и го закачи на старо место противпожарниот апарат, кој продолжи со пеењето.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ете кај го кутнала ракијата, а ние за влакно ќе го смачкавме! се свртува кон децата свои, одејќи Одам со ковчегот, а вие поделете си ги другите пљачки! и замина натаму, низ врвулицата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Само, како да направи да си отидат луѓето а пак да не изгледа како тој да ги набркал.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)