Почнуваше да чувствува големо олеснување кога ќе се замислеше себеси спасен и ослободен од страдањето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
За голем број геј-мажи, Џоан Крафорд, Голден грлс (‘Златни девојки’), Лејди Гага и многу други камп-икони и натаму имаат извесна моќ и привлечност, иако главнотековните геј-коментатори како Саливан, кои би сакале да не е така, тврдат дека немаат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Хичкок: „Тоа е така затоа што темата за неправедно обвинет човек кај гледачите создава чувство на опасност, бидејќи тие полесно се замислуваат себеси во положбата на овој човек, отколку во положбата на виновник што бега. Публиката секогаш ја имам на ум“.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но, тоа навидум самоуверено тврдење не е одраз на фактите, туку на желба – и тоа желба што не е многу изгледно дека ќе се оствари наскоро.
Дури не е ни извесно дека поимот „идентификација“, позајмен од его-психологијата просто затоа што е згоден, досегнува до она за што навистина се работи во внесеноста на машката геј-култура во ликови како Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Идентификацијата класично ја дефинирал Фројд како желба да се биде, а не како желба да се има, но мошне е неизвесно дали геј-мажите (или другите приврзаници на геј-културата кои ги возбудува Милдред Пирс) буквално сакаат да бидат Џоан Крафорд – колку и да уживаат во чувството кога се проектираат себеси во нејзината персона или кога се замислуваат себеси во нејзината улога.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)