Во нејзината мисла веќе ѝ се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој уште не видел како ја празнуваат во градот, но доста беше што го слушаше од другите деца да си ја замислува во сета нејзина радосна необичност.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Замисли во каква ситуација ќе се најдеш ако ти и понатаму настојуваш да му докажуваш дека е дење.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Моите набожни подвизи го натераа татко ми да ме замислува во црна одежда и брада.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пуст, сив, студен крај. Во тоа сивило почна најголемата битка, што сум можел да ја замислам во тие години.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Не можев да се замислам во фустан. Освен тоа, што ќе речеше Ана?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Хомосексуалноста тука е прашање на дрочење сам во луксузна хотелска соба, по свилена долна облека и во елегантно руво, кај што си го росиш телото со виолетова водичка, си пушиш цигари, си пиеш шампањско, окружен со свежо цвеќе, уживаш во чувството на моќ и си „токму онаков дечко каков што од секогаш си сакал да бидеш“ (130).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се работи за самотно настрано задоволство – за она што Д. А. Милер го нарече „хомосексуалноста на едниот“.246
Нил Бартлет, пишувајќи за Оскар Вајлд, вели: „Кога и да го замислам во поза, не е ниту гол ниту пред празен ѕид.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Замислата на директорот на филмот, кого можеа само да го замислат во некоја длабока фотелја на главниот град, од една страна - да се остави филмска документација на идниот гигантски хидроенергетски објект, а од друга - да се направи документарен филм, што ќе го склопат режисерот и продуцентот во монтажата, и кој не само што ќе се прикажува во сите кино-сали низ земјата како предигра на играните филмови, туку и достојно ќе нè претставува на сојузниот и странските филмски фестивали.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сликата што си ја замислив во мене создаде желба барем за миг да станам здодевен новинар што на бабичката ќе ѝ направи интервју од само едно прашање.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ниту Татко, ниту Цветан Горски не можеа да замислат во мигот дека ги слушаат последните зборови во животот на нивниот голем пријател и учител, Игор Лозински.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сакаше да шмрка прашок поделен во линии долж широкото квадратно огледало кое што таа го чуваше до каучот, како некој волшебен екран во којшто можеш да гледаш како лицето засекогаш ти се менува. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 168
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Таа престана да си се замислува во исштиркана памучна униформа со стетоскоп околу вратот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сега сакаше да пуши трева и хашиш и опиум и низ прозорецот да зјапа кон Алкатраз.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)