заобиколува (гл.) - затвор (имн.)

– Ќе биде добро и тој да учи за професија која го заобиколува затворот, како и неговите браќа – рече со сериозен глас Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Авторот, како под диктатот на нивен неискажан завет, изневерувајќи ја Татковата стратегија, во туѓина да учи за професија кој би го „заобиколувала затворот верува дека реваншот на судбината, односно враќањето од егзил ќе го изврши низ чинот на пишувачката имагинација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во шега ни велеше дека овие училишта, а подоцна и факултети, за разлика од другите, мислејќи на јазичните смерови во гимназиите, на филолошките и на историско-философските факултети, го заобиколуваат затворот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)