По нивните зборови сите станавме уште похрабри и стоејќи викавме дека сме готови, дека сакаме сега, веднаш да тргнеме, а од задните редови заори пеење: Во борба, во борба, во борба, Македонски народе, За света народна слобода...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)