„А вие изедете го моево добиче и запалете го копитото, грејте се и раскажувајте за царски синови.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мил ќе ја отвореше вратата од одајата и ќе му викнеше: - Татко, запали го светлото, ќе ги извадиш очите во темницата...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
МАРА: Кате, запали го ти огнот, а јас да го запалам кандилово пред иконава. (Го запалува кандилото пред икона и се моли).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
РАЈНА: Запали го кандилото, Симке. Денес е петок.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
не му текнува ништо, него стрелајте го, вели тој, големиот, со едно кило петлици на алиштата, него стрелајте го, а селово запалете го, и војниците го грабнаа, го залепија на ѕитчето од црквата и се даде команда ״оган“ и старшијата се свлечка покрај ѕидот, се истиша како и гајдата што заборави да ја испушти од раце и може да е уште таму, оти ние после се разбегавме, тие фрлаат пушки, а ние бегаме, кој нагоре, кон напреку, и после, ене што направија од селото, може да е ова судниот ден, судниот час, вели Николе Валавичарот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Не сакам туѓо“ со горчливост рече Осип Сечковски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)