запали (гл.) - оган (имн.)

Повремено влечкаше по едно стебло од планина колку да запали оган.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некни, велат, плакатите ги собрал низ селото, запалил оган во бавчите, печел кокошки и велел: „На јадете луѓе за душава моја!“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го запали огнот, почека да се разгори, па закачи на веригата котле со вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стана и го запали огнот. Но при првото вивнување на пламенчето колибата се исполни со чад.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И запаливме оган невиден, клада голема, до небо: и кога виде отец Стефан Лествичник дека огнот е добар, рече: добар е огнот и време е да се фрли нечестивиот во него. И така и би.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Запаливме огнови. Над нив дружината спрема овнови десет да кладе.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Едно затворање во аргачот, запалив оган, се стори жар и по еден жар кладов во дупките од кучешкиот апеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Така и сторив. Пак запалив оган и сторив жар.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Прости ти“, прослови наведната. „Не те падам. Ајде, помогни ми да запалиме оган за вршник.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ми студи, Никифоре, болен сум“, шепнав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Лежи. Ќе запалам оган. И не срами се - сакаш ли малку ракија?“ Сакав вода и молчев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Запалете оган, заповедал грубо. - Поскоро. Што е, чекате ли прворотка да ве подои?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак светото Евангелие на тој Онисифор било секогаш крваво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Прости.“ Чекорев зад неа. „Не сакав да те навредам. А ако пречам во куќата, ќе си одам. Можам да спијам и на својата кола.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, Рада ги зграпчи тој миг и искрата, који требаше да го запалат огнот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога нѐ отпретаа, нѐ триеја со снег, на голо триеја и после ни запалија оган, и ние се туркавме околу огнот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа ми зборувала нешто дури трчала по мене, ама јас ни гледам ни слушам... запалиле оган и почнале да фрлаат куршуми.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Барбут- бег насобра гранки и некако успеа да запали оган.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Џвакаа, глодаа ковчиња, задоволно гровтаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ке требиме двајца душмани на светата вера пророкова, – му одговори самиот муфтија. – Тогаш да почнеме – рече кадијата и погледна во еден од оџаците. – Еден од вас свештените лица да го запали огнот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мојот другар собра суви гранки и смреки и запаливме оган. Од топлината нѐ фати дремка и заспавме.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го запалија огнот, запалија ламба и на жарот турија да се печат пиперки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Што е ова? Манијаци, кретени, курви! Запалиле огнови!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
На одредиштето стигнаа во мугрите. - Запалете оган! - паѓа команда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Арно, ага. Еве одам“, рекол дедо Геро и влегол онака во земјанката божем да го запали огнот и да им ја направи топеницата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Перса блесна во лицето од една внатрешна светлина и со таа светлина си легна, додека Пелагија откако му кажа на Мурџо да си замине во својата куќичка, заедно Пела појдоа во бањата со намера да го запали огнот под казанчето, ама мајка Перса го беше веќе запалила.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Запаливме оган, се изгреавме и сега ќе си легнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па и првиот човек, пред да запали оган, морало да си ги изгори прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вечерта, тамам се смрачи, мајка ми го запали огнот во каминот и трите испоседнаа околу него, весело разговарајќи си нешто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Јас ќе одам малку со Дена во ливадата – им реков.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)