Ја привлекол поблизу торбата и си рекол: Чекај да видам какви се урмите? ... И запалил свеќа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Татко му, прв лекар на местото, можеби се надоврзувал на мајка си, првата вдовица во местото, која на младите им проштеваше да имаат црвци во газот, веруваше во небото и во бога, но не веруваше во црквата и во поповите, па се крстеше и пред да запали свеќа и пред да пивне ракија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Запаливме свеќи и коњот го испуштив И не знаеш каква радост му ја осветли душата Зашто никогаш толку убаво не светкала тревата - Како вчера по луњата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
На сон Севда се најде в црква. На патеката меѓу гробовите по која жените се враќаа од црква со запалени свеќи и се раштркуваа меѓу гробиштата секоја одејќи на гробот на својот близок да му запалат свеќа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Оди помоли се и запали свеќа в црква која било, те молам.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Угаси го светлото и запали свеќа – со палтото во рака, се повлекува во бањата. Свеќата ја залепувам за пепелникот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се исправив пред големата икона на Богородица, запалив свеќа и откако трипати се прекрстив со вковани очи во нејзините очи и шепотам: - Богородице живите не си ги дочувала, барем сега чувај ги нивните души...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Остана тој таму под ритчето, да му се миросаат коските, и кој знае дали ќе има некој да му запали свеќа... дали за на век ли ќе остане во мракот тој и тие покрај него?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ќе се најде ли, ќе се погоди ли некој намерник да помине по Прењес и на гробиштата да запали свеќа?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Од градовите се прибираат селаните за да ги дотераат своите куќи и да приберат здравје во чистиот воздух и студената и бистра вода што тече од планинските извори и за да ги очистат и средат надгробните плочи и камења и на своите предци и најблиски да им запалат свеќа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пред олтарот запаливме свеќи за душите на тие кои чуваат стража на Бигла и го фативме патот за Преспа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А кој и каде ќе им запали свеќи на тие кои од пампурот ги фрлија во морето?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
За душите на тие над кои шеесет години замрачи мрак, запаливме свеќи за да засвети светлина над нив, да болсне светленце и да заживее и остане траен споменот за нив дека не се заборавени...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Запалив свеќа во темнината на храмот и си влегов во сопствениот мир.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Никогаш во своето срце не успеа да најде одговор зошто токму тој е оној избраниот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Со по малку растреперените прсти од долгите саати стегање на перото ја запали свеќата, ја стави на масата и се загледа во полната месечина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Му се стори дека Глигор му рече на Долгиот да ја запали свеќата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Зашто, кај татко и мајка сетики и ќе дојде, па, ако си до нас, ќе запали свеќа и за тебе..
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Само, како да направи да си отидат луѓето а пак да не изгледа како тој да ги набркал.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Секој кој ќе го види, или кој чул дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека излегол на прошетка за да си даде одушка по сите овие возбуди, или, пак, дека отишол да запали свеќа на Латинска црква во слава на оздравувањето Лазорово...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но госпоѓицата, во 1939 година, умре од офтика, па татко ѝ ја закопа на гробиштата во Битола. и секогаш кога беше слободен, или кога ќе најдеше некого за а го замени, одеше таму, во Битола, за да запали свеќа на гробот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За да му запалам свеќа да позборувам со новата куќа негова. Да го потажам. 63
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Иако со мака се пробиваа низ снегот, иако денот беше мачен за погреб, не сакаа да го остават Богдана подолго време незакопан; а смртта негова им даде можност, како што беше обичај, да се соберат сите од селото (зашто одамна немаше погреб) да се видат, да поразговараат за работи што обично на погреб се разговараат, да попеат по некоја тажаленка и за умрениот и за своите мили што им умреле, да се ослободат малку од секојдневните работи и грижи, да си подречат нешто крај ковчегот од мртовецот: за минливоста и ништожноста на животот, за јалан дуња, за лакомијата што останала меѓу луѓето, да се мачат да двојат од уста за да создадат нешто, а од сето тоа на крајот останува само два метра земја и црви; да го испретурат животот на умрениот, неговите маки и радости, желби остварени и неостварени, добрините и лошините негови, среќите и несреќите што ги имал, и сè друго што му врвело преку главата; да поткаснат задушница, да запалат свеќа и на гробовите од своите умрени, да им ги избришат сликите на крстовите и да им ги бацат, да си ја освежат болката.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Го разгледаа камениот иконостас, запалија свеќи, Миклош се крстеше и метанисуваше, и тогаш синот на Пајко го втренчи погледот на ѕидот, каде што беа претставени Волкашин и неговите два сина, од едната и од другата страна, како го крепат, небаре две крилја на неговата изнемоштена става.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бев во црква, запалив свеќа за тебе, плачев, многу плачев. Сѐ повеќе тонам, отапев, ништо не правам.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Постоја така загледан и повторно пријде кон гробот од жена му и кон својот; ги загледа, клекна крај гробот од жена му, ѝ запали свеќа од тие што ги најде тука недогорени, а потоа запали свеќа на гробовите од татко му и макја му.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Мајка ќе ми раздаде за душа, татко ќе ми запали свеќа и попот ќе ме спомене в црква, ако не на гробот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Често, длабоко во ноќта, ќе запалеше свеќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во една пригода, Мајка си влезе сосема природно, во една црква, крај Езерото, и си запали свеќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка, во тие години, на возраста на која веќе можеше да добие виза за да патува во Албанија, дојде на брегот крај манастирот за да запали свеќа и да се подготви за враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Дарителот им дава бакшиш на свирачите, и влегува во црквата да запали свеќа и да му се помоли на светецот да му го возврати дарот со здравје и живот и напредок на куќата и семејството.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Драга мајко, Да му запалиш свеќа на Св. Наум што ме остави ноќеска жив.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Церемонијата беше куса, како кога ќе се запали свеќа, а потоа веднаш ќе се изгасне, додека чадот сѐ уште останува во воздухот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А тој, без да размислува многу, откина: - „Изгледа жените дојдоа да им запалат свеќа на своите...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Костовица запали свеќа и ја стави во чашата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
„Подобро оди в црква, запали свеќа, таквите нешта се за разговор со Господа“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Му дадов пари да запали свеќа и за наше здравје“, го потсетувам одоколу.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе врзеш партали за здравје на Вардар. Ќе запалиш свеќа на Света Петка, од поголемите.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Таа се прекрсти, запали свеќа. – Тука се врти нејзината душа... - рече покажувајќи на местото кадешто го најдоа мртвото тело.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На него секој ќе запалеше свеќа и ќе се прекрстеше, а потоа се поминуваше сред црквата кои другите два дрвени свеќници донесени од старата црква и поставени пред иконостасот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Откако луѓето се собраа, запалија свеќи и му се помолија на Бога секој за себе, Петре Питропот дојде на пцалтирницата и оттаму го прочита Апостолот за Свети Никола и со тоа службата заврши.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
О, сестро Чано, добро ни дојдовте! Ние со мајка Перса и Пеличка тркнавме до црквата Света Богородица, забрането е да се слават верски празници, ама во слободно време човек може да запали свеќа во некоја црква!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
По една недела, баба меси бел леб и колачиња, свари требена пченица и, уште од вечерта, запали свеќа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Толку сакав да знам кај да оставам цвеќе, кај да запалам свеќа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)