Ако сакал некој да знае, тој можел да му ја напика в џвало вистината: чудовиштето лежело во самиот параспур на македонското село, во неговата слабост да се измачува со секакви стравотии, со морници да ги задушува морниците на грубиот живот; да, животот е чудовиште што ја подгонува кон бездна двоколката на судбината во која се запрегнати луѓето, сите во јарем и со железен жегол в грла, слепи за крајот на патот, запенети и со сокрвца на напукнатата кожа, со набрекнати јагарци од обете страни на гркланите, под мишки и лево и десно под папоците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се плашеле, се тресел и Лозан Перуника со нив. Потоа заборавил што е тоа страв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ха-ха-ха! ... Некаде насреде од чудовиштето зина огромна челуст, водата закипе, се запени и Мече усети дека расте, се надига над него бескраен воден свод.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Од Галичица закорни силен ветер. Витлите пострашно се запенија и зашумија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)