Во тоа доби силна потврда кога Климент Камилски започна таа ноќ искрено да му се исповеда, се разбира, сметајќи го тоа и како предуслов да се зафатат со Татко, во заедничката стратегија, односно проектот за спасот на нивните деца на Балканот, наложен од вистината на нивните книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко ми страхуваше за Чанга (за себе веруваше дека му нема спас), заведен од читањето да не заврши како балкански Дон Кихот кој за сметка на идеите од книгите премногу се оддалечил од животот. – Козата – започна таа вечер замислено татко ми – во текот на сета историја на балканските народи се појавувала и исчезнувала меѓу народите, државите, империите... – Кога се појавувала, а кога исчезнувала? – го прекина веднаш Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)