Тргнавме со чунот, но кон средината на морето, ете ти несреќа: започна да дува ветер и да се креваат бранови; започнаа далги како ѕверки да рикаат, да удираат во чунот и да скокаат во него; се пулиме во чунџијата, а тој само жолтее како лимон; извадивме ракија од торбата, започнавме да тргаме од неа, да ја смириме душицата, да се окуражиме; му даваме на чунџијата, но тој вели: не пијам; гледа во нас, удира со веслата и дофрлува: „За малку пари тргнав да ве возам... Ќе дадете по десет лири“. „Ќе дадеме“, му вели Ѓеро.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)